Снаодлива пејачка: Нада не живее од пензијата, туку од ракијата и кириите на становите

379

Зборлестата пејачка Нада Топчагиќ, која ја знаеме по големиот хит „Јутро је“, кој пред две години беше изведен и на славниот италијански фестивал „Сан Ремо“, искрено признава дека има мошне мала пензија. – Во години сум кога не настапувам толку често, но со сопругот Златко живееме од кириите на становите кои ги купив со долгогодишна чесна работа.

– Живееме од добра рента. Доколку би живеела само од пензијата јас би умрела од глад. Ете, сестра ми педесет години живее во Германија, а се враќа во Србија да презими. Таму во Германија е сега мошне тешко. Не ме сфаќајте погрешно. Не се жалам, само да сме сите здрави. Бидејќи има многу болен народ. Јас помагам колку што можам. Надица е водено и хумана личност, објаснува пејачката.

Инаку, не се само становите во прашање. Нада Топчагиќ, продава и природна здрава домашна ракија од планината Тара.

– Доставувам и продавам ракија и овошје од Тара. Неодамна ми се јави една колешка, не сакам да ја именувам и ми рече: „Надо, јас копнеам по твојата ракија! Ако дојдеш наскоро во Белград, донеси некои три шишиња, јас ќе ти ги платам. Таа колешка пие како луда, затоа нејзиното име не го кажувам! Секако дека и нејзе морам да ѝ ја наплатам ракијата, од тоа живеам, не живеам од оваа мизерна пензија.  Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ