Снабдувањето со електрична енергија е обновено за 750.000 потрошувачи во Португалија – ситуацијата постепено се нормализира

157

Снабдувањето со електрична енергија е обновено за 750.000 корисници во Португалија, соопшти вечерва енергетската мрежа на земјата.

Две трафостаници што го снабдуваат Лисабон го вратија снабдувањето со електрична енергија, соопшти „Националната енергетска мрежа“ (REN).

Сите трафостаници во пошироката област на Порто се исто така оперативни и „потрошувачите во областа треба да очекуваат нивната ситуација наскоро да се врати во нормала“, се додава во соопштението, објави Си-ен-ен.

Медиумите известуваат дека електричната енергија е вратена во делови од Шпанија и Португалија, неколку часа откако масовно и необјаснето затемнување го обви целиот Ибериски Полуостров во темнина.

Операторот на португалската мрежа, „Редес Електрика Национал“ (REN), изјави дека производството е вратено во хидроцентралата Кастело де Боде и термоцентралата Тапада де Оутеиро.

„Со овие станици што сега се активни, потрошувачката на енергија постепено се обновува во Португалија, прво во областите околу овие електрани, а потоа постепено и подалеку“, забележува REN.

Во меѓувреме, „Ред Електрика“, шпанскиот оператор на електричната мрежа, соопшти дека електричната енергија е обновена во неколку региони, вклучувајќи ги Каталонија, Арагон, Баскија и Андалузија.

ИЗДВОЕНИ