Смртта на папата Франциск го враќа во фокусот „мрачното пророштво“ старо 900 години

1011

Голем дел од светот од вчера разговара за пророштво старо 900 години. Станува збор за пророштвото на свети Малахија Ирски, според кое папата Франциско ќе го наследи „Петар Римјанин“ кој ќе владее до 2027 година. Тогаш ирскиот пророк го предвидува Судниот ден, кога ќе се случи Второто доаѓање и светот ќе биде уништен среде хаосот. Пророштвото на свети Малахија било напишано во 1139 година, кога тој патувал во Рим како ирски надбискуп. Таму напишал извештај за своите работи и доживеал чудна визија во која му се открива името на секој папа до „крајот на светот“.

Наводното пророштво, за кое се вели дека е старо речиси илјада години, го предвидува следниот папа и содржи застрашувачко предупредување за човештвото. Се разбира, земете сè со доза на резерва!

Во понеделникот Ватикан објави дека папата Франциско починал на 88-годишна возраст, наведувајќи како причина мозочен удар кој довел до кома и срцева слабост. По неговата смрт ќе има деветдневна жалост, а потоа и долг процес на избор на нов папа, за кој има неколку кандидати.

Сепак, постои книга позната како Пророштвото на папите, за која се вели дека ја напишал еден Ирец по име Свети Малахија уште во 12 век. Малахија беше прогласен за светец неколку децении по неговата смрт. Неговото наводно пророштво содржи список од 112 папи, а сега списокот е речиси при крајот, – остана само уште една референца за „Петар Римски“ и уште неколку застрашувачки предвидувања.

Последниот запис вели дека последниот папа ќе биде: “Петар Римјанин, кој ќе го храни своето стадо во многу неволји, и кога ќе заврши, градот со седум рида ќе биде уништен, а страшниот судија ќе му суди на неговиот народ. Крај”.

Значи, Рим ќе биде уништен, а звучи како крај на светот. Некои толкувања на пророштвото на папите дури предвидуваат дека крајот на светот ќе се случи во 2027 година – што не е толку далеку. Во основа, Пророштвото на папите содржи низа криптични изрази кои се чини дека случајно се поклопиле со лицата кои дојдоа на чело на Католичката црква.

На пример, еден запис гласи „од чуварот на гуската“, што наводно се однесува на папата Александар III, кој можеби потекнувал од семејство кое имало гуска на својот грб. Друг пример е „волот кој пасе“, кој се толкува како референца на Калисто III, чиј грб прикажува вол на тревно поле. Како и многу пророштва, ова се чини дека е крајна глупост, бидејќи папските историчари и експерти побрзаа да отфрлат бројни тврдења за тоа.

Исто така, постои сомнеж дека „Петар Римјанин“ всушност се однесувал на неодамна починатиот папа Франциско. Сепак, експертите не се убедени, бидејќи неговото првобитно име не било Петар, ниту пак го земал тоа име како папа.

Џош Канинг, директор на свештеништвото во Торонто во Њуман центарот, рече во 2013 година (според Глобал њуз): „Не знам како можете да го поврзете Петар од Рим со папата Франциск“.

Исто така, се тврди дека пророштвото било напишано во 12 век, но папскиот историчар Анура Гуруј вели дека иако му се припишува на Малахија, сè уште не е познато „дали тој навистина го напишал“.

Исто така, постои теорија дека пророштвото е создадено од монах по име Арнолд Вион, со цел да му ја обезбеди позицијата на папата на својот пријател – што на крајот не успеал.

ИЗДВОЕНИ