Смртта на Хекман и неговата сопруга, мистерија и за блиските пријатели: Ништо не ни е јасно, беа здрави

1171
Додека истрагата за смртта на оскаровецот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава се уште траа, блиските и долгодишни пријатели на двојката велат дека биел во добра здравствена состојба при нивната последна средба.
„Минатиот пат кога ги видовме, беа живи и здрави“, рече Даниел Ленихан за Си-Ен-Ен.
Неговата сопруга вели дека последен пат ја видела Аракава пред  неколку денови во продавница за мебел во Санта Фе која ја отвориле заедно  и дека често разговарале.
„Им беше толку убаво овде. Веројатно никогаш ја немам видено двојка која се согласува и толку ужива еден во друг“, додаде Барбара Ленихан.
Аракава, велат тие, презеде дополнителни мерки за претпазливост како што е носење маска во сезоната на грип, само за да биде сигурна дека нејзиниот сопруг нема да се разболи.

Актерот и неговата сопруга во четвртокот беа пронајдени мртви во својот дом.

Хекман имаше 95 години, а Бетси 63.

Угина и нивното куче.

Телата на двојката беа пронајденив во одделни простории од домот.

Хекман беше пронајден на подот во близина на кујната, а Аракава во бањата.

Податоците од пејсмејкерот на Хекман покажуваат дека веројатно бил миртов девет дена пред да биде пронајдено телото.

„Ништо не ни е јасно“, порачуваат збунетите пријатели чекајќи официјален извештај за смртта.

ИЗДВОЕНИ