Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, а застрашувачките детали за нивната смрт го прават овој случај многу интригантен.
„Тие имаа ограда, ние имаме ограда, но никогаш не се гледавме“, рече Џејмс Еверет, сосед на починатиот актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава, објаснувајќи дека починатиот пар сакал приватност. Смртта на популарниот актер се повеќе изгледа како дел од трилерите кои Хекман ги снимаше со години, а она што се знае од пишувањата на странските медиуми навистина го прави овој случај поинаков од другите.
Како што минуваат деновите, во јавноста се протнуваат нови информации кои откриваат бројни нелогичности.
Една од најновите вести е дека пејсмејкерот на популарниот американски актер го снимил неговото последно отчукување на срцето неколку дена пред да биде откриена неговата смрт, а еден од најзастрашувачките детали е тоа што телата на парот биле откриени во состојба на делумна мумификација, што покажува дека тие умреле некое време пред да бидат пронајдени.
Првично се мислеше дека смртта е предизвикана од истекување на гас од цевките, но тестирањето покажа дека нема грешка во работата на инсталациите за гас.
Иако полицијата не открива многу информации за случајот, сега странските медиуми пренесуваат дека згрешиле во дел од информациите што ги открија, што го прави овој случај уште поинтригантен.
Имено, последната грешка се однесува на нивното куче, кое наводно исто така е пронајдено мртво во домот на починатата двојка.
Како што напредува истрагата, властите признаа дека направиле голема грешка во истрагата на местото на злосторството, што ја продлабочува мистеријата.
Властите првично известија дека нивниот германски овчар Беар бил пронајден мртов во домот, но во бизарен пресврт беше откриено дека Беар всушност е жив и здрав. Цело време бил безбеден, поточно во локалниот дневен престој за домашни миленици во Санта Фе. Наместо тоа, кучето пронајдено на имотот било нивното 12-годишно куче од мешана раса.
Шери Габер, блиска пријателка која работела со домашните миленици, била шокирана од грешката: „Не можам да се носам со таа слика. Затоа целата оваа работа е толку вознемирувачка. Едноставно не оди“, признала таа за USA Today.