Пред две говини светот на боксот беше шокиран од смртта на Британецот Доминик Чепмен. Но, сега, овој случај добива нова димензија.
Имено, Чепмен (26) почина за време на аматерски натпревар во Ворчестер, а истрагата сега нашла нови информации за неговата смрт.
Несреќниот Чепмен потекнува од Дротвич, а сега е утврдено дека ги пропуштил тренинзите на кои требало да се подготви за борбата која била од хуманитарен карактер.
Борбата се одржа на крајот на 2022 година, а Џон Ленард, кој е организатор на мечот кој заврши трагично, истакна дека сега е утврдено дека Чепмен бил на 13 од предвидените 16 тренинзи. Тој смета дека Чепмен бил подготвен за борба, како и дека ги потпишал сите документи и истакнал дека е задоволен од противникот.
- Мое мислење е дека сериозна повреда и ситуација опасна по живот се многу слични работи. Повредите на мозокот се многу ретки на настани што ги организираме повеќе од 15 години, истакна Ленард и посочи дека ова не е прв случај, бидејќи за 15 години дури тројца боксери пичинаа во рингот.
Адвокатот на семејството на починатиот Чепмен посочува дека регулативата поврзана со овие борби е многу лабава и го доведува во прашање квалитетот на медицинската нега укажана по натпреварот. После се, семејството се огласи и побара забрана за вакви настани.