Во кошаркарскиот клуб на Реал Мадрид не „цветаат рози“ како што беше пред почетокот на сезоната, а тоа се манифестира и во играчкиот кадар и во резултатите во сите натпреварувања. Како што пренесува „Марка“, која отсекогаш била блиска до случувањата во соблекувалната на „кралевите“, по само еден месец Реал ќе остане без НБА засилувањето Денис Смит Јуниор.

Поранешниот играч на Далас, Бруклин, Њујорк, Детроит, Портланд и Шарлот пристигна во Реал на 16 јануари и според информациите на познатиот шпански портал, тој веќе го напушти тимот. Причина за тоа е неможноста навремено да се приспособи на условите на европската кошарка, а проблем е и физичката подготвеност на Смит.

Поради лошата кондиција, Смит дебитираше дури на 2 февруари против Хувентуд. За Реал Мадрид има одиграно четири натпревари, по два во АЦБ и Евролигата, а има вкупно 35 минути и 11 бода.

ИЗДВОЕНИ