Грчкиот кошаркар Костас Слукас (34) проговори околу своето пензионирање од спортот. Искусниот плејмејкер во моментов има договор со Панатинаикос до 2026 година, а тоа би можело да биде неговиот последен ангажман.
- Нема да играм премногу. Мислам дека за две до три години ќе ја завршам кариерата. Кога ќе ми истече договорот, верувам дека ќе биде крај. Сакам да ставам крај додека сум на високо ниво, изјави Слукас за грчки „Спортал“.
Слукас во интервју за „Јурохапс“ ги коментираше целите на клубот во следната сезона. Тој истакнува дека сè уште не е свесен за успехот што тимот од Атина го направи минатата сезона.
- Сè уште не сум целосно свесен за успехот од претходната сезона, но она што ме интересира во моментов е сегашноста. Она што можам да го кажам е дека имаме уште подобар тим од минатата сезона, додаде Слукас.