Случајот „Сигнал“ е затворен и нема да се повтори, објави Белата куќа

85

Белата куќа денеска објави дека случајот со истекувањето на информации преку апликацијата „Сигнал“ е завршено и дека се преземени чекори за да се осигура дека тоа нема да се повтори.

Овој месец имаше протекување на „Сигнал“ четот, кога претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разговараа за плановите за напад на Јемен на апликацијата за пораки, што, според Белата куќа, нема да се повтори.

Портпаролката на претседателот Доналд Трамп, Каролин Левит, не објасни детално какви мерки ќе преземе за да го постигне тоа, но на новинарите им рече дека Белата куќа смета дека случајот е затворен, пренесува Танјуг.

Трамп во неделата изјави дека никој нема да биде отпуштен поради објавување информации за нападот врз Јемен.

Новинарот ги објави доверливите пораки од групниот разговор на „Сигнал“ – откриени воените планови на САД: Венс и Хегсет не се согласувале за нападот на Јемен/ФОТО

ИЗДВОЕНИ