Доминик Пелико призна дека ја дрогирал својата сопруга помеѓу 2011 и 2020 година и дека поканил повеќе од 50 странци да ја силуваат и сексуално да ја злоставуваат во нивниот дом во селото Мазан на југот на Франција.
Тој на полицијата и рекол дека активно бара мажи за да ја силуваат неговата сопруга, а сѐ што треба да направи е да го отвори лаптопот и да се поврзе на интернет.
На таканаречената страница за запознавање Коко, Пелико можел слободно да комуницира со другите за сексуалното насилство и да го организира силувањето на неговата тогашна сопруга Жизел Пелико.
Ја дрогирал и додека била во несвест донел 50 мажи да ја силуваат повеќе од 200 пати во текот на 10 години.
Си-ен-ен пристапи до извештаите на француската полиција кои содржат илјадници пораки што Пелико ги разменил со мажите преку соби за разговор, Скајп и СМС пораки.
Форум „без нејзино знаење“
Тие пораки се клучни докази во судскиот процес против Доминик Пелико и 50-те соучесници кои полицијата успеа да ги идентификува. Повеќето од нив, меѓу кои и Пелико, беа обвинети за тешко силување.
Користејќи псевдоними, Пелико беше дел од онлајн заедница каде што се споделуваше и поддржуваше сексуална злоупотреба. Полициските извештаи покажуваат како 72-годишникот создал детален систем за организирање на злоупотреба на сопругата.
Пелико редовно учествуваше на форумот наречен „без нејзино знаење“ на сајтот Coco.fr, кој содржеше бројни виртуелни простории за разговор во кои се величеше сексуалното насилство. Таму најмил десетици мажи да ја силуваат неговата сопруга речиси десет години.
Од пожарникари и новинари до медицински техничари, мажи од сите возрасти и занимања комуницирале со Пелико.
Им ја покажувал онесвестената сопруга, споделувал снимки од силувањето…
Најмладиот обвинет сега има 27 години, додека најстариот 74. Сите мажи на кои им се суди во Авињон живееле во радиус од 50 километри од домот на семејството Пелико.
Полициските извештаи покажуваат дека, по првичниот контакт на Coco.fr, комуникацијата се преселила на Skype.
Пелико често водел подготвителни видео повици со мажите во кои ја вртел камерата кон својата онесвестена сопруга. Тој сподели и интимни фотографии и видеа од неа, од кои на некои се гледа дека е силувана.
Ја придружувал на лекарски прегледи
Жизел Пелико сведочеше дека немала поим за постапките на нејзиниот сопруг.
Меѓутоа, со текот на времето, честата употреба на дрога и сексуалната злоупотреба почнале да оставаат физички последици.
Нејзиниот сопруг ја придружувал на неколку медицински прегледи за време на кои таа се жалела на губење на меморијата и болка во карлицата, се наведува во судската евиденција.
Дури откако Доминк беше уапсен во блискиот супермаркет во септември 2020 година, откако беше фатен како фотографира долна облека под женско здолниште, беше разоткриена неговата криминална мрежа. За тоа дело доби условна затворска казна од осум месеци.
Додека го истражувале случајот, полицајците му ги заплениле лаптопот и мобилните телефони и пронашле стотици слики и видеа од силувањето на неговата 50-годишна сопруга, отворајќи еден од најшокантните случаи на сексуален криминал во модерната француска историја.
Пресудата доаѓа наскоро
Жизел Пелико реши да се откаже од својата анонимност и да се соочи со обвинетите во судски постапки отворени за медиумите и јавноста.
Додека 15 обвинети, меѓу кои и Пелико, се изјаснија за виновни за силување, други тврдат дека мислеле дека сѐ е договорено и дека согласноста на Доминик им била доволна.