Случајот „Груби“ во предистрага

29

Груби е во бегство, но предистражната постапка за него продолжува и покрај меѓународната потерница, одговори државниот јавен обвинител Коцевски на прашањето – дали има напредок во истрагата за поранешниот вицепремиер.

Предистрагата се води и за судијата Енвер Беџети кој со Груби завршија на црната лица поради вмешани во „значителна корупција“ со прифаќање мито за уривање на судските процеси против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

За финансиската истрага пак за случајот „Соравија“ обвинителот Коцевски одговори дека за Дрин Ахмети внук на лидерот на ДУИ се водат две постапки.

И по еден месец од бегството на Груби, властите велат дека поранешниот вицепремиер ќе биде пронајден и есктрадиран. Првиот човек на полицијата Тошковски, неодамна информираше дека има оперативни информации каде е бегалецот.

Груби откако се најде на црната листа негираше дека побегнал од Македонија, а утредента напиша дека бил чист како солза, но одлучил да се дистанцира од политиката. Но од него за дистанцираше и неговата матична партија – од каде соопштија дека поранешниот вицепремиер повеќе не е дел од ДУИ.

ИЗДВОЕНИ