“How Much Time Do We Have Left” и Клемен ќе ја претставуваат Словенија на Изборот за песна на Евровизија во Базел. Тоа е епилогот од синоќешниот фестивал ЕМА.
Жирито ги избра финалистите – Џули Џонс и Клемен. а со 66 отсто од гласовите – Клемен доби билет за Евровизија.
View this post on Instagram
Клемен ја започна својата телевизиска кариера во 2007 година преку серија имитации на словенечки пејачи. Тој беше домаќин на бројни ТВ емисии, меѓу кои и четири изданија на фестивалот на кој сега победи.
Некогаш беше многу добар во „имитација“ на Владимир Путин, Ангела Меркел…
Видеата се многу популарни на YouTube.
View this post on Instagram
Неговиот прв соло албум, снимен во Лондон, ќе излезе оваа година и ќе содржи десет нови песни.
Изборот за песна на Евровизија е закажан за 13-17 мај во Базел.