Македонската ракометна репрезентација наредниот месец ќе продолжи со квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. Противник на избраниците на Кирил Лазаров ќе биде репрезентацијата на Словенија.
За овој двомеч, Словенците нема да може да сметаат на првиот голманот Клемен Ферлин од Киелце, кој го повреди коленото на првиот натпревар после паузата од Лигата на шампионите. Информациите велат дека тој ќе биде надвор од терените од четири до шест недели, што пак е само потврда дека нема да биде на голот на својата репрезентација.
Македонија е домаќин на првата средба на 12. март во Скопје, додека реваншот е четири дена подоцна во Копер.
Покрај Ферлин во составот на Словенија нема да биде ракометарот на Пелистер, Нејц Цехте кој се повреди на СП, минатито месец во Хрватска, Данска и Норвешка