Фернандо Алонсо (43) не ја започна новата сезона во Формула 1 како што сакаше. Тој не ги ни заврши првите две трки, додека минатиот викенд, во Јапонија, ја мина целта како единаесетти. Очигледно, има проблеми со повредата на вратот и цревна инфекција, па Астон Мартин реши малку да го поштеди. Така, на првиот слободен тренинг во пресрет на Големата награда на Бахреин, која се вози викендов, на местото на Алонсо ќе дојде 24-годишниот Бразилец Фелипе Другович, резервниот возач на Астон Мартин. Алонсо потоа ќе го комплетира остатокот од тркачкиот викенд.

Другович досега не учествувал на трките во Формула 1, а најголемо достигнување му е освојувањето на шампионската титула во Формула 2, пред три години. Бразилецот, кој има потекло од Словенија, се надева дека ќе добие шанса да дебитира во Формула 1, во болидот на Астон Мартин, подоцна во сезоната.

ИЗДВОЕНИ