EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Последниот ден од групната фаза ќе ги даде и последните патници за осминафинале на Европското првенство во Германија.

Очекувано, највозбудливо се очекува да биде во групата – Е во која сите четири селекции имаат ист број бодови (по 3), а главниот збор во оваа група го има фаворитот Белгија, која денеска во 18 часот ќе ги одмери силите со Украина. Во истиот термин ќе се одигра и дуелот во Франкфурт, каде ќе се сретнат Словачка и Романија. Интересно за овој дуел е тоа што со нерешен резултат и двете селекции ќе обезбедат пласман во наредната фаза.

Интересно се очекува да биде и во вечерниот термин од 21 часот кога на програмата се дуелите Португалија – Грузија и Чешка – Турција. Со оглед на тоа дека Португалија е првопласирана во групата и никој не може да избие пред неа, далеку повозбудлуво се очекува да биде на дуелот меѓу Чешка и Турција.

Селекторот на Турција, Италијанецот Винченцо Монтела, беше на удар од страна на медиумите поради тоа што реши да одмори неколку стандардни играчи на дуелот против Португалија, кој го загубија со 0:3, а се очекува во најсилен состав да излезе на мегдан со Чесите.