Словачкиот премиер оди во Москва: „Со задоволство ја прифатив поканата на Путин“

227

Премиерот на Словачка Роберт Фицо би требало да стане првиот Словак кој ќе го посети Кремљ по руската инвазија на Украина, пишуваат словачките медиуми.

Роберт Фицо следната година ќе отпатува во Москва на официјалната прослава на крајот на Втората светска војна во Европа на 9 мај. Во средата Фицо на социјалните мрежи потврди дека шефот на Кремљ, Владимир Путин, официјално го поканил да го посети и дека со задоволство ја прифатил поканата.

Тој рече дека е „врзан за наследството од борбата против фашизмот, за историската вистина за Втората светска војна и за улогата на Црвената армија во неа“.

Роберт Фицо, на чело на земјата со 5,4 милиони жители, членка на ЕУ и НАТО, одлучи да ја прекине сета воена помош за Украина од минатата есен.

Тој повикува на мировни преговори со Русија, како и неговиот унгарски колега Виктор Орбан, единствениот лидер на ЕУ кој одржува блиски врски со Кремљ од почетокот на руската инвазија на Украина.

Во мај во Москва ќе престојува и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Кремљ соопшти дека сака да го направи 9 мај 2025 година „најголемиот празник во својата историја“, во контекст на подигање на патриотските и воените вредности во услови на конфликт во Украина.

ИЗДВОЕНИ