Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот е подготвен да искористи многу талентиран фудбалер од неговиот клуб како дел од договорот за доведување на играчот што го сака.
Во моментов тимот на Ливерпул е на првото место во Премиершип, но и во Лигата на шампионите, што е јасен показател дека игра феноменален фудбал оваа сезона.
Ливерпул се уште има шанса да освои историски четири трофеии оваа сезона бидејќи напредуваше во ФА Купот по победата од 4:0 против Акринтон Стенли.
Од друга страна, во Карабао купот имаат негатива од 1:0 по првиот полуфинален дуел против Тотенхем, но реваншот ќе се игра на „Енфилд“.
Сепак, откако Слот пристигна во Ливерпул, една работа не помина како што сите се надеваа, а тоа се трансферите. Минатото лето „црвените“ доведоа само еден фудбалер, Федерико Киеза.
Холандскиот стручњак сака да го поправи сето тоа веќе во јануари, но во позадина се надева дека ќе биде продолжена соработката со Мо Салах, Ван Дијк и Трент Александер-Арнолд.
Како што објави „Дејли Стар“, Арне Слот сака да ја донесе ѕвездата на Бурнемаут, Антоан Семењо, во Ливерпул. Овој 25-годишен фудбалер на 21 натпревар одигран за тимот предводен од Андони Ираола постигна шест гола и забележа три асистенции.
Неговиот договор со Бурнемаут е до јуни 2029 година и е проценет на 50 милиони фунти. Сепак, Слот најде „дупка во системот“ и се подготвува да го понуди младиот фудбалер како дел од зделката.
„The Northern Echo“ објаснува дека Бурнемаут „загриза“ за Бен Доак, кој моментално е на позајмица во Мидлсброу.
Минатата недела беше објавено дека Ливерпул е подготвен да прифати понуда од 30 милиони фунти за Доак, кој има 19 години.
Официјални понуди за овој фудбалер пристигнаа од Кристал Палас и Ипсвич Таун, но тие беа околу 15 милиони фунти што не беше доволно за Ливерпул да го пушти.