Tричлена македонска екипа, во петокот околу 9:00 часот, го искачи Гросглокнер (на надморска височина од 3.798 метри), највисокиот врв во Австрија, во сурови и исклучително комплексни услови.
Алпинистичкиот клуб „Велесин” од Велес, предводен од велешкиот алпинист Слободан Бобо Димовски, заедно со Јоце Смилевски од Битола и Владимир Јовановски од Куманово, го постави македонското знаме на највисокиот планински трон на Австрија.
– Искачувањето кон врвот започнало во 4:00 часот изутрина, а македонската тројка пристигнала, жива и здрава, на Гросглокнер околу 9:00 часот. Ова е прво успешно искачување на врвот на Австрија за Владимир и за Јоце и, според нас, е огромно достигнување за Македонија, а особено за Велес, Битола и за Куманово – соопштија од алпинистичкиот клуб „Веселин“.