Следува период на постудено време

33

Времето до крајот на денот ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.) Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, температурата ќе биде до 19 степени.

Утре и во среда времето ќе биде стабилно и сончево со студени утра. Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

– Под влијание на циклонска активност во петок, за време на викендот и почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме, соопштуваат од УХМР.