СЛЕДУВА ОДМАЗДАТА НА ТЕХЕРАН? Вашингтон верува дека Иран ќе го нападне Израел во наредните денови, посилно отколку во април

161
EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден верува дека Иран ќе го нападне Израел во наредните денови како одмазда за убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран претходно оваа недела и дека нападот ќе биде посилен од оној во април, според медиумите на хебрејски јазик, кој се повикуваат се на високи американски претставници.

Неименуваните официјални лица рекоа дека Вашингтон е подготвен да му помогне на Израел да го запре потенцијалниот напад од Иран и групите што ги поддржува во регионот, вклучувајќи ги Хезболах во Либан и Хамас во Палестина, пишува порталот Вала.

Официјални лица велат дека одговорот најверојатно ќе биде поголем од оној ноќта меѓу 13 и 14 април, бидејќи најверојатно ќе го вклучи Хезболах.

Во извештајот се додава дека високи претставници на администрацијата на Бајден се загрижени дека тоа би можело да го отежне составувањето на регионална и меѓународна коалиција за да се спречат потенцијални напади, како што беше случајот кога Иран истрела стотици беспилотни летала и проектили врз Израел во април.

Ноќта меѓу 13 и 14 април, Иран лансираше низа ракети и беспилотни летала кон Израел како одмазда за убиството на генералот на Револуционерната гарда во Дамаск на 1 април.

САД, Велика Британија, Јордан и Франција помогнаа во пресретнувањето на ракетите, додека неколку земји од Персискиот залив, вклучително и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, наводно пренеле разузнавачки информации за плановите на Техеран да го нападне Израел, обезбедувајќи витални информации кои биле клучни за успехот на воздушниот напад.