Неделава ќе бидат објавени вкупно пет Јавни повици за распределба на слободно земјоделско земјиште, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Прилеп. Тој додаде дека целта со распределба на земјиштето е да се зголеми продуктивноста и да се зголеми производството во државата.

– Во изминатиот период најавував дека ќе има распределба на земјоделско земјиште и веќе се завршени сите официјални процедури. Од петте Јавни повици, еден ќе биде за легализација на подигнати долгогодишни насади. Со оваа активност сакаме да го ставиме сето земјоделско земјиште во рацете на вистинските земјоделци – рече Трипуновски.