Следната група израелски заложници, кои се држат во Појасот Газа, ќе биде ослободена според планираното, в сабота на 25 јануари, соопшти Хамас
Соопштението беше објавено откако портпаролот на Хамас, Нахед ал Фахури, изјави дека заложниците ќе бидат ослободени еден ден подоцна од очекуваното.
Планирано е Хамас да ослободи над 90 израелски заложници во наредните недели како дел од Договор за прекин на огнот во Појасот Газа.
Се очекува четворица заложници да бидат ослободени в сабота, седум дена по стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот.