Со години наназад ретко кој или никој, нема ништо слушнато за легендарниот српски рокер Оливер Мандиќ. Ниту каде е, ниту што прави? И дали е воопшто жив, се прашуваа луѓето? Тој деновиве како да “воскресна“, па за него протекоа, за жал, лоши вести. Болен е, а спасот го најде во завчерашната тешка операција на рбетен столб. Повеќечасовната операција помина одлично, а Мандиќ сега интензивно закрепнува. Од болничка постела праќа поздрави до сите оние кои се загрижени за неговото здравје. Фановите му порачуваат дека сè ќе биде во ред!
Да потсетиме, Оливер беше еден од најпопуларните некогашни југословенски музичари, имаше голем број хитови, една година победи и на музичкиот мегафестивал „Месам“, а беше и првиот на овие простори кои се облекуваше на сцената како трансвестит. Многумина поради тоа го плукаа, но исто така и го поддржуваа, се заради неговите преубави песни кои и денес и ние во Македонија ги слушаме: “Питају ме, питају“, “Љуљај ме нежно, љуљaј полако“, “Није за њу човек ко ја“, “Због тебе бих туцао камен“, “Помагајте другови“….. ( Д.М.)