Иако своевремено го носеше дресот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано, тврди дека Барселона отсекогаш била во неговото срце и дека би жртвувал многу повеќе во кариерата доколку добиел шанса да игра за каталонскиот гигант.
Италијанецот тврди дека е занесен од играта на Барса и додава дека се заљубил одамна и таа љубов се уште трае.
„Она што ме полудува за Барселона е нивниот стил на игра. За нив победа е тоа што луѓето уживаат во нивната игра. Посед, напади… Нема тим како нив, немаат страв“.
Касано откри дека уживаше во победата на Барса од 5:2 во Суперкупот на Шпанија.
„Ако Шчесни не беше исклучен на Ел Класико, ќе беше 10:1. Повторувам, 10-1, не 10-2“.
Сепак, од сите негови изјави најконтроверзна е таа да можел при потпишувањето на договорот во 2006 година наместо Реал, ќе ја избрал Барселона.
„Играв за Реал (М) во ерата на Галактикос и не жалам. Но, дефинитивно ќе се жртвував ако играв во Барса. Посакувам да имав можност да потпишам за тој клуб. Бев играч на Реал (М), никогаш немав можност да играм во Барса, но се заљубив и сè уште сум вљубен во Барселона“.
За Италијанецот Пау Кубарси е вистински феномен од играч кој во џеб ги стави ѕвездите на Реал.
„Овде во Италија ни ги претставуваат Бастони и Барела како феномени. Потоа го гледам Кубарси низ целиот терен против Мбапе и тој е вистински феномен. Да се игра така против најдобриот во светот, Килијан Мбапе, е чудо“, вели Касано.
Поранешниот фудбалер не се прослави во дресот на Реал, одигра само 29 натпревари и постигна четири гола.