Славете со виното, љубовта и со новата песна на Владо Јаневски: Празнично, вљубено и боемски

45

Доколку сте од оние кои ја слават љубовта, а љубовта ја заливате со вино, тогаш бидете сигурни и спокојни дека тој (утрешниот) ден, но и таа празнична вечер одлично ќе си ја поминете со кралот на македонскиот шлагер Владо Јаневски.          Тој својата најнова песна, со претензии да стане хит, како и оние другите пред тоа, во живо ќе ја промовира славенички, со љубов и вино на Денот на вљубените Свети Валентајн и Денот на виното Свети Трифун.

Свети Трифун претставува православен празник посветен на виното и лозјето, додека свети Валентајн е католички празник, ден на кој се празнува љубовта низ светот. Така ќе биде и вечерта со Владо, во скопскиот „Интермецо“ од 20 часот. Вљубените ќе излезат на забавата, во овој случај со Владо, а боемите притоа со задоволство ќе испијат и по некоја чаша добро вино, најчесто од оние, македонски вина.

Затоа Владо Јаневски е тука да мисли на сè па и на овој Ден, да има нова песна.      Таа е насловена како „Твој засекогаш“ за која сними и видеоспот. Автор на музиката и текстот е самиот Јаневски, додека аранжманот е на познатиот хрватски композитор Никша Братош. Песната е снимена во студиото „НБ“ во Загреб и во скопското студио „Ентерпрајс“ кај Валентино Скендеровски, а визуелната приказна ја осмисли тимот на „Томато продукција“.

Оваа песна уште еднаш докажува зошто Јаневски го сметаме за предводник на македонската љубовна магија. Неговите меланхолични текстови честопати предизвикуваат тропање на срцето, по некоја солза и многу спомени од настаните во љубовниот живот на секој од нас, а кои не се забораваат.  Така ќе биде и кога ќе ја слушнете „Твој засекогаш“. Јаневски, засекогаш е тој нивен, на армија свои обожавателки.       Д.М.

ИЗДВОЕНИ