Американскиот актер Џејми Фокс повторно заврши во болница. „Ти-ем-зи“ пишува дека тој бил колатерална жртва на тепачка што се случила пред два дена во ресторан во Беверли Хилс, каде тој го прославувал роденденот.
Додека тој наздравувал со гостите, некој од соседната маса фрлил чаша и го удрил актерот по уста. Поради инцидентот била повикана и полиција, а славеникот веднаш се упатил во болница на „шиење“.
Да потсетиме, Фокс помина еден месец во болница во април 2023 година, а во специјалната програма на Нетфликс – „What Had Happened Was“ откри што, всушност, се случило тогаш.
„Имав силна главоболка и го молев пријателот да ми даде аспирин. Пред да го земам лекот, изгубив свест. Не се сеќавам што се случи во следните 20 дена“, изјави актерот кој во болница го однела неговата медицинска сестра.