Популарните музичари искрено сочувствуваат, го оддложија концертот. -Не ни е до песната, не ни е до сцената, не ни е до светлото, не ни е до микрофонот….скоро да не ни е до ништо….после трагедијата во Кочани. Тоа што се случи ја скина душата на цела нација. Нè боли. Нè дави. И не можеме да се правиме дека не е така.
Затоа, заедно со Прагма-продукција решивме нашиот концертот кој беше планиран сега за 5 април, да го презакажеме за наесен на Празникот 11. октомври, велат популарните Тони Зен и Слаткар кои требаа да се дружат со своите фанови во Арената “Борис Трајковски“.
Ќе дојде пак, време за музика, за глас, за сила. Сега не е такво време – сега само молк. И почит. Кон сите кои загинаа во трагедијата во Кочани.
Бидете добри, бидете стрпливи, сакајте си го животот!