Во конкуренција од 58 држави, македонските ученици се на 44 место по знаење во математика, а три места подолу во природни науки, покажаа резултатите од ТИМСС тестирањето спроведено минатата година. По електорнски пат, тестирани биле ученици од четврто одделение.
,,И оваа меѓународна компаративна студија покажа дека на нашиот воспитно-образовен систем му се потребни крупни промени, за да можат нашите ученици да ги подобрат знаењата. Затоа, делуваме во сите сегменти на образованието, почнувајќи од основното, постепено и со консултација со сите засегнати чинители, велат од министерството за образование
Иако од министерството велат дека реализирале продолжен престој за воннаставни активности заради совладување на материјалот, сепак во пониските одделенија нема доволно додатни и дополнителни часови.
,,Го реформираме гимназиското образование, го прошируваме концептот на дуално образование и развиваме нови регионални центри за стручно образование и обука. Наставниците продолжуваат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем, информираат од МОН
TIMSS е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети. Во меѓународни рамки, Сингапур го држи првото место и по математичка писменост и по наука.