Скроена е новогодишната кошница: Од 15 декември до 15 јануари, повеќе од 675 производи со намалени цени за најмалку 10 отсто

70

Новата мерка на владата Новогодишна кошница со која ќе се обиде да го ограничи енормиот раст на цените, ќе опфаќа од 676 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти.

Листата на производите кои се понудени во Новогодишната кошничка од страна на производителите и дистрибутерите може да се види на веб страницата „mojakosnica.mk“. 

Овојпат цените ги понудуваат бизнисите а не властите, односно компаниите се тие кои што ги нудат нивните најпродавани поризводи кои се продаваат за новогодишните празници и ќе ги продаваат по пониски цени од 10 проценти.

Мерката стапува на сила од 15 декември и ќе трае еден месец.

Во новогодишната кошница влегуваат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо конзервирано и замрзнато овошје и зеленчук, безалкохолни и алкохолни пијалаци. Производите ќе бидат обележано со налепницата помалку трошоци повеќе за тебе.

„Со оглед на тоа што ова е акција која што излегува од компаниите и не е владина одлука не се предвидени казни, односно контролата дали се намалени цените како што самите производители и дистрибутери понудиле или не ќе ја вршат директно граѓаните. Државниот пазарен испекторат ќе биде на терен да утврди дали се обележани сите производи кои се на листата со намалени цени согласно со законот за потрошувачи.“, изјави министерт за економија Бесар Дурмиши.

Тој посочи дека сега има веб страна под името мојакосница.мк и таму се сите производи понудени од производителите. Посочува дека листата не е конечна и таа може постајано да се надополнува со нови производи.

Ефектот од минатата мерка есенската кошничка според пресметката на синдикатите е дека трошоците за живот се намалени  за 57 денари, причина за тоа според нив е алчноста на трговците кои ги зголемиле цените пред да стапи мерката на сила.

ИЗДВОЕНИ