Мајкл Џордан и Скоти Пипен заедно освоија шест титули во НБА лигата, доминираа во тимот на Чикаго, а двапати успеаја да освојат три последователни прстени, прво од 1991 до 1993 година, а потоа и од 1996 до 1998 година. Поради доминацијата која своевремено ја имаа многумина ги сметаат за најдобриот тандем во историјата на кошарката.

Едноставно, блескаа на теренот, но не и надвор од него. Факт е дека не се сложуваа најдобро надвор од него, а за тоа најдобро говори документарниот филм на Мајкл Џордан наречен „Последниот танц“ во кој очекувано се стави себеси во преден план. Тоа му пречеше на Пипен, кој јавно го прозва, го нападна и не го прифаќаше начинот на кој беше претставен во документарецот.

Дека меѓу нив има нетрпеливост покажуваат и зборовите кои Скоти ги напиша во својата книга „Нечувани“, каде раскажа како одговорните за статистика го „туркале“ најдобриот кошаркар на сите времиња.

  • Да речеме дека ја одбивам топката, направив додавање до Џордан или нешто слично, но сето тоа, целата заслуга за таа акција му се препишуваше на него. Што мислите, требаше ли да добијам заслуга за украдената топка, нели? Не. Честопати таа украдена му беше препишана на него и не можев ништо да направам околу тоа прашање, напиша Пипен.

Тој воедно раскажа и детал од соблекувалната.

  • Една ноќ статистичкиот човек влезе во соблекувалната за да му го предаде статистичкиот лист на Фил Џексон. Не можев да верувам кога го видов погледот што тој го упати кон Мајкл. „Гледаш како те гледаме“ – кажа Џексон, открива Пипен.

Ова предизвика реакција на социјалните мрежи. Поединци се на страната на Пипен и веруваат дека тој не добива доволно заслуги за освоените шест титули, но има и такви кои веруваат дека Скоти само му љубомори на Мајкл.