Режисерот Мартин Скорсезе подготвува нов филмски проект, а Двејн Џонсон потврди дека ќе се приклучи на неговата екипа. Нивните фанови не го очекуваа ова обединување, а Џонсон преку социјалните мрежи го потврди своето учество во новиот проект. Филмот е опишан како комбинација од култни класици како „Goodfellas“ и „The Departed“, но овој пат дејството се одвива на Хаваи, по подемот и падот на моќниот мафијашки бос. Џонсон истакна дека е благодарен бидејќи минува низ најкреативниот период во кариерата.

„Ова е најинспиративниот период во мојот живот. Возбуден сум што работам со Мартин Скорсезе“, рече тој.

Идејата за филмот ја предложија Џонсон и неговата колешка Емили Блант, а двајцата ќе глумат покрај Леонардо ди Каприо. Дополнително, Џонсон и Блант ќе бидат вклучени и како продуценти.

Филмот е опишан како „последната голема сага на американската мафија“ полна со елементи кои го прославија Скорсезе. Засега не е познато кога филмот ќе започне со производство, но самиот проект ветува многу поради неочекуваната комбинација на познати актери како Џонсон, Блант и Ди Каприо.

ИЗДВОЕНИ