Скопската Зоолошка градина во последниве три години е место каде што умираат животни во сомнителни околности. Последниот од низата немили настани е угинувањето на седум берберски овци. Стефан Кирков, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, вчера истакна дека храната на овие животни им ја дале вработени во институцијата. – Според информациите, храната не е дел од таблицата на исхрана која овие животни треба да ја консумираат. Зоолошката во Скопје е веќе позната како куќата на стравот, а досега за тоа никој не понесе одговорност, вели Кирков.

Од Градската организација на Либерално-демократската партија побараа одговорност за последното угинување на животни во Зоолошката градина. Оттаму потсетија дека во изминативе години се случија низа немили настани во ЗОО-Скопје, почнувајќи со закланите коњи за храна на жителите во градината, угинувањето на жирафите, на слоницата, царскиот орел, лавот Жика, на ретките и заштитени пржевалски коњи, а и имаше епидемија на птичји грип

 

Скопската Зоолошка градина во последниве три години е место каде што умираат животни во сомнителни околности. Последниот од низата немили настани е угинувањето на седум берберски овци.

Според официјалното соопштение од ЗОО-Скопје, се претпоставува дека овците се отруле јадејќи гранки од растението тиса кое може да биде отровно за животните. Се чека на резултатите од обдукцијата што ја направија стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина.

Стефан Кирков, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, вчера истакна дека храната на овие животни им ја дале вработени во институцијата.

– Според информациите, храната не е дел од таблицата на исхрана која овие животни треба да ја консумираат. Зоолошката во Скопје е веќе позната како куќата на стравот, а досега за тоа никој не понесе одговорност – вели Кирков.

Тој обвини дека за време на директорувањето во Зоолошка на Зоран Попов, кадар на Данела Арсовска, угинале повеќе од 40 животни и се случија големи инциденти.

Тој открива и дека при вонредниот инспекциски надзор од страна на инспекторите на АХВ сосема случајно е пронајдено и уште едно мртво животно за кое се претпоставува дека имало обид истото да биде скриено од инспекторите и од јавноста. Кирков потенцира дека јавноста мора да ја знае вистината.

– Скопјани заслужуваат да ја знаат вистината за секое едно животно кое е дел од скопската Зоолошка градина. Како партија и како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бараме директорот Попов веднаш да си поднесе оставка. Ги повикуваме сите надлежни институции меѓу кои МВР, јавното обвинителство, АХВ, Ветеринарниот факултет веднаш да влезат во оваа установа и да постапат според законот. Ниту Попов, ниту Данела Арсовска не смеат да го уништуваат и она малку што остана од скопската Зоолошка градина. Никој не е над законот и нема право да си поигрува со животот на животните во скопската Зоолошка градина – дециден е Кирков.

Од Градската организација на Либерално-демократската партија побараа одговорност за последното угинување на животни во Зоолошката градина. Оттаму потсетија дека во изминативе години се случија низа на немили настани во ЗОО-Скопје, почнувајќи со закланите коњи за храна на жителите во градината, угинувањето на жирафите, на слоницата, царскиот орел, лавот Жика, на ретките и заштитени пржевалски коњи, а и имаше епидемија на птичји грип.

Оттаму нагласуваат дека животни умираат под мистериозни околности кои никогаш не се до крај разјаснети.

– Затоа, бараме надлежните институции веднаш да постапат и да истражат како дошло до угинување на животните и конечно, некој за своите дела да понесе одговорност – истакнаа од ЛДП.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ