Скопје „трепка“ на трето место во светот по загаденост: Концентрацијата на ПМ 2,5 честичките, 25 пати над дозволеното

17

Скопје утрово се најде на петото место, меѓу најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 199.

На листата на IQAir , Скопје се најде по Лахоре во Пакистан, а најзагаден град во светот утрово е Сараево во Босна и Херцеговина со индекс 292.

Во моментов, според платформата, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.

Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 124 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 90 микограми на кубен метар.

Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е речиси 25 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).