Од синоќа во Скопје, но и низ целата земја започна да врне снег, а ваквото време ќе продолжи и во текот на деното. Се очекува во следните речиси 48 часа обилните врнежи со да ја покријат цела Македонија, а проследени со повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе услови многу ладно време и голомразица, а некаде појава на снежни наноси.
Насекаде во Македонија ќе се формира снежна покривка, и тоа во градовите со висина од околу, па и над 20 сантиметри, а понекаде и над 30 сантиметри, додека во западната половина од Македонија снежната покривка во дел од градовите ќе надминува дури и 50 сантиметри. На планините и на скијачките центри се очекува нов снег и до околу, па и над еден метар, пишува Метеоаларм.
Во Скопје со овој голем снежен и ладен бран се очекува формирање на снежна покривка со висина од 15 до 20 сантиметри, можно е и повеќе, додека во повисоките предели од котлината, како и на околните планини таа ќе биде значително поголема.
Температурите речиси насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, како во ноќните и утринските часови, така и во текот на денот, само во крајните југоисточни предели температурата ќе биде само за некој степен над нулата преку денот.
Новата седмица ни носи поларни температури кои наутро на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а на повеќе места и под -10 степени , а се очеуваат температури дури и до околу, па и под -15 степени и појава на силен мраз насекаде во Македонија.