Скопје утрово повторно се најде на листата меѓу десетте најзагадени градови во светот, а во моментот е на 9 место. Според листата на IQAir Скопје е најзагадениот град во Евроа, а воздухот е опасен за дишење, со индекс на загаденост е 165.
Во моментов, според платформата, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“
Како што е наведено главни загадувачи се ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 75.4 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 78,3 микограми на кубен метар.
Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 15 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).