Скопје се позиционираше како единаесетта најпрометна рута за транзитниот сообраќај на полската авиокомпанија ЛОТ до и од Торонто и четврта најфреквентна линија до скопскиот аеродром со седум до осум пати неделни летови.
Податоците акумулирани од давателот ОАГ за 2024 година, а што ги објави порталот „Ексјуавиејшн“, покажуваат дека 60 проценти од патниците на ЛОТ помеѓу Варшава и најголемиот град во Канада, се трансфери.
Голем број градови во поширокиот регион, вклучувајќи ги Белград, Букурешт, Будимпешта, Истанбул и Тирана се рангирани во првите петнаесет за поврзување на патници на ЛОТ на неговата канадска услуга. Белградскиот аеродром е вториот најпрометен градски пар за авиокомпанијата меѓу трансферите. Летово планира да го опслужува Белград дванаесет пати неделно, наспроти од десет до единаесет неделно минатата година.
Развојот доаѓа откако „Ер Србија“ продолжува да го оценува потенцијалното започнување на непрекинати летови меѓу Белград и Торонто, кои исто така би можеле да обезбедат патници за неколку регионални дестинации каде што ЛОТ, исто така, гледа силен преносен сообраќај.
Управата за аеродроми во Торонто (ГТАА), која управува со аеродромот Пирсон во Торонто, соопшти дека сè уште работи на воспоставување летови до Белград.
– Србија продолжува да биде цел на аеродромот Пирсон и да го прошири нашиот глобален досег, а ние тесно соработуваме со нови и постоечки партнери за тоа како можеме подобро да им служиме и на Србија и на Канада – истакнаа од ГТАА.