Скопје и утрово се најде на неславната листа, меѓу десетте најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост во моментот е 183.
Во моментов, според платформата, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.
Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 91 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 94,7 микограми на кубен метар.
Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е речиси 18,2 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО).