Скопје и Сараево утрово се меѓу десетте најзагадени главни градови во светот. Скопје го бележи индексот на вредностите на квалитетот на воздухот како осми најлош на светот, а Сараево на второто место. Главните градови на Македонија и Босна и Херцеговина се единствените европски земји чиј воздух денес е меѓу најштетните за здравјето на населението на Земјата.
Градските власти во Сараево упатија предупредување до жителите и ги повикаа да ги намалат активностите на отворено на минимум, а очекуваат состојбата да се подобри со промената на времето најавена кон крајот на неделата. За Скопје, таква препорака се уште нема.
Извештајот покажа алармантни нивоа на ПМ честички и други тешки метали во воздухот, освен во Босна и Херцеговина и Македонија, и во Бангладеш, Индија, Конго, Сенегал, Гана и Иран.
Најзагаден главен град во светот утринава е Њу Делхи (Индија) со индекс 639, додека пакистански Лахоре забележа 361. Во Сараево изнесува 253, а во Скопје 172.