Скопската градоначалничка, Данела Арсовска во рамки на работната посета на Чешка, оствари официјална средба со градоначалникот на Прага, Бохуслав Свобода.
– Градоначалниците разговараа на повеќе теми за интензивирање на соработката на двата града и отпочнување конкретна реализација на проекти од областа на транспортот, животната средина, цивилната заштита, здравството и економијата. Арсовска и Свобода ја истакнаа потребата од градење нови пријателства, интензивирање на соработката која едновремено ќе создаде можности за поврзување и работа на заеднички проекти особено во областа на културата, образованието и туризмот, а во рамки на „Скопје Европска претстолнина на културата 2028“ – соопштија градските власти.
Во Прага, градоначалникот Свобода, организирал работни средби во Градското Собрание на Прага, за Планот за одржлива мобилност, Зелениот климатски план 2030, и успешно биле договорени идните мерки и решенија кои треба да бидат превземени за подобрување и унапредување во повеќе области во Скопје со соработка со Прага.