И утрово Скопјани дишат отровен воздух. Според податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“ покажува дека Скопје во моментот е на четвртото место на светската листа, и најзагаден европски град.

Со индекс  на загаденост од 171 воздухот во Скопје е во категоријата „нездрав“.  Прв на листата  Лахоре во Пакистан со индекс од 194, по што следуваат Дака во Бангладеш со индекс од 193 и Делхи во Индија со индекс 172.

Во црвената зона со загаден воздух неколку пати над дозволените концентрации, покрај Скопје, се и други градови во Македонија, а граѓаните постојано апелираат надлежните да преземат соодветни мерки.

По општини, најзагадено утрово е во Центар со индекс на загадување од 196, потоа следуваат Лисиче, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Ректорат, Кисела Вода. Утрово е загадено и во дел од останатите градови во земјава. Струмица води со индекс на загадување од 189, а по неа е Гостивар, па Тетово. Висок индекс на загадување утрово има и Кочани.

На двата протести против аерозагадувањето кои се оддржаа во декември во Скопје, беше алармирано државата да почне да превзема мерки, а не да го оддолжува решавањето на овој акутен проблем.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера кажа дека проблемот не може веднаш да се реши, дека потребно е да се изградат гасни централи и да се намали употребата на фосилни горива, а за тоа се потребни неколку години.

ИЗДВОЕНИ