Скопје е четврти најзагаден град во светот

36

Скопје утринава повторно се најде на листата на еден од најзагадените градови во светот. Според концентрацијата на ПМ2,5 и ПМ10 честичките во воздухот, главниот град е на четвртото место на листата најзагадени градови во светот. Пред нас се Лахор (Пакистан), Делхи (Индија) и Ханој (Виетнам), покажуваат податоците на платформата IQAir (Ај-кју-ер).

На оваа платформа, утринава воздухот во Скопје е означен во категоријата „нездрав“…  Концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 74,2 милиграми на еден кубен метар воздух, а на ПМ10 честичките е 85,5. Ова покажува концентрација на ПМ2,5 честичките поголема за 14,8 пати од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека загаден воздух има и во Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Струмица, Кавадарци и Куманово.

Од СДСМ потенцираат дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во скопските опшптини, а ниту владата не преземаат нешто за загадениот воздух.

– ВМРО-ДПМНЕ е централна власт и локална власт во Скопје, има градоначалници и мнозинство во советите во Скопје, во Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и никој ништо не презема. Ветуваа многу, а не реализираат ништо, досега нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот. Каде се новите зелени површини кои ги ветуваа? Нема ниту нови дрвја ниту зеленило. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, ѓубре на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак има долгорочни мерки за намалување на загадувањето во Скопје – велат од СДСМ.

ИЗДВОЕНИ