Протестот што го најави градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, во моментов добива на масовност. Од сите страни се слева река на луѓе кои трубат и извикуваат „Скопје бара превоз“.
Меѓу протестантите можат да се видат и транспаренти на кои е напишано „Данела оди си, Данела грда си“, „Што уште треба да се случи за да дадете оставка“, „Ветуваа редовни линии, добивме само лаги“, „Сите заедно заслужуваме редовен превоз“…
Во моментов градоначалникот Дудуш дава изјава.
Група граѓани од населбите Топанско поле, Шуто Оризари и Скопје Север, поднесуваат петиција до Град Скопје и од понеделник и до Владата и Министерството за локална самоуправарад Скопје. Тие се огорчени бидејќи, како што велат, се заборавени од власта бидејќи приватните превозници не возат кон нивните населби веќе подолго време. Велат бројот на автобуси кон нивните населби е симболичен и под итно бараат да се најде решение за состојбата со која се соочуваат.
Исто така, бараат веднаш државни органи да се вклучат во надзорот на Јавното сообраќајно претпријатие.
(А.П. – С.Би.)