Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

27

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола, во периодот од 16.09.2024 година до 20.09.2024 година зема 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Скопје.