Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

35

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.06.2024 до 28.06.2024 година зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Скопје.