Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

9

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Отааму информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.01.2025 година до 31.01.2025 година зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Скопје.

ИЗДВОЕНИ