Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.11.2024 година до 08.11.2024 година зема 210 примероци за физичко-хемиска и 210 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 52 мерни места во Скопје.