Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

28

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потвдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.10.2024 година до 01.11.2024 година зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Скопје.

 

ИЗДВОЕНИ