Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

10

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“ .

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.01.2025 до 10.01.2025 зема 116 примероци за физичко-хемиска и 116 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Скопје.

ИЗДВОЕНИ