Водата во Скопје еквалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараатна Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.11.2024 година до 22.11.2024 година зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Скопје.