Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во телевизско гостување истакна дека му е мило што граѓаните го перципираат како човек кој е подготвен да се соочи и да ги реши проблемите на главниот град.
– Покажавме во изминатите три години дека нема изговори, туку дека има решенија за проблемите и дека сум посветен на работата. Драго ми е што на анкетите добивам поддршка од сите скопјани и што граѓаните ме перцепираат како човек кој е спремен да се соочи и реши проблемите на главниот град-изјави Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека доколку неговата политичка партија го кандидира и му даде поддршка, ќе го прифати предизвикот да биде првиот човек на главниот град.
-Кисела Вода немала градоначалник на Скопје и нема ништо да изгуби, напротив ќе добие како никогаш досега, а секако ќе добијат и сите останати општини и сите скопјани – нагласи Ѓорѓиевски.